Бизнис
23. July 2015 - 8:40

Костадиновски во посета на Пелагонија

Заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Ване Костадиновски,  денеска ќе го посети битолскиот регион односно Пелагонија.

Како што соопшти ресорното Министерство, целта на посетата на Костадиновски на најголемата житница во Македонија, е да информира за жетвените активности и проблемите со кои се соочуваат житопроизводителите. 

Костадиновски вчера беше во посета на браната Пишица.