Костадиновски: Догодина 80 проценти државна помош за високоприносен добиток
Заменик-министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски денеска ја посети приватната фарма на Игор Стојановски од село Мралино, кој со помош на владината мерка за покривање на 50 проценти од трошоците набавил осум високоприносни крави од Германија.
Стојановски очекува дека со набавката на високоприносниот добиток, ќе има поголем и поквалитетен принос на млеко и месо.
Заменик-министерот Костадиновски нагласи дека веќе од следната година владината поддршка за набавка на високоприносен добиток од сегашните 50 проценти ќе се зголеми на 80 проценти.
- Сите сточари ќе може да аплицираат за државна поддршка за набавка за високоприносен добиток. Ако сточарот треба да одвои 40.000 евра за набавка на 10 грла на добиток, 32.000 евра ќе му бидат исплатени од страна на државата, односно од централниот Буџет преку Програмата за рурален развој, изјави Костадиновски.
Тој појасни дека 80 проценти од трошоците за набавка на педигиран високостелен добиток ќе се покриваат од страна на државата, односно максималната вредност на прифатливите трошоци ќе изнесува до 6.500.000 денари по корисник.
Право на користење ќе имаат одгледувачите на добиток кои се запишани во Единствениот регистер на земјоделски стопанства, а предвидениот износ на средства за реализација на оваа мерка на годишно ниво ќе изнесува два милиони евра.
Со оваа мерка се очекува дека ќе се поттикнат фармерите да набават високоприносен добиток со што ќе имаат подобар квалитет на млекото и месото.
Во Македонија сега поголемиот дел од добитокот не е со висок генетски потенцијал.
Ново на Сител
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција
-
Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот
-
Разговор Муцунски-Калас за евроинтеграцијата, регионалното поврзување и состојбата на Блискиот Исток
-
Почина Владимир Лапе, еден од доајените на македонското новинарство
-
Жител на Криволак предизвикал пожар палејќи стари предмети на нива