Костадинов: Единствен интерес на ВМРО-ДПМНЕ да нема правда
Не успеа обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да пропаднат предметите од СЈО и да нема одговорност, велат од владејачката СДСМ.
- СДСМ вложи во изградбата на правниот систем. Ние сме за нормален политички дијалог и треба да се донесе Законот за обвинителството одговорност мора да има за сите, рече потпаролот на СДСМ Костадин Костадинов . Тој повтори дека Мицкоски се уште не одговорил на прашањето дали сите донации во партијата биле евидентирани во извештајот.
За сведочењето на поранешниот разузнувач Верушевски дека бомбите биле видеоизменувани, Костадинов рече дека не може да коментира сведочења и судски процеси, но дека била потврдена автентичноста на снимките неколкукратно.
Тој рече дека СДСМ не ги објавиле само приватните разговори. Не сакаше да објасни и кој ги достави снимиките во СДСМ Верушевски или пак другиот разузнувач Лазаревски. Костадинов се држеше до познатитот партиски став дека тоа го направиле свиркачи.
Катерина Нешкова
Ново на Сител
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
