Костадинов: Да не се опструира новиот закон за Јавно обвинителство, реформите во интерес на правдата продолжуваат
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ со сите сили се труди да наметне перцепција во јавноста дека скандалот “рекет” е сличен со 11 годишниот пустош на режимот на Груевски и Мицкоски.
Не е’ и никогаш не може да стане!
Ние не сме и никогаш нема да бидеме исти!
Сега секој кој се огрешил пред законите одговара и ќе одговара. Никој не бега од правдата!
Разликата е огромна! Правосудните органи ја вршат работата во рамки на своите надлежности ослободени од каков било притисок од извршната власт, што не беше случај со владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.
Тешко лицемерие е Милошоски да обвинува кој било друг за криминал кога 11 години беше најблизок соработник на почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и нивен вистински партиски шеф.
За потсетување, токму Милошоски е дел од предметот Моќник каде постојат основани сомненија за сторена злоупотреба на службената положба и овластување.
Додека бегалецот од правдата во Будимпешта си ужива во нелегално стекнатото богатство, оние кои од него се злоупотребени лежат во затвор.
Наместо да бараат оставки и да се занимаваат со опструкции, Мицкоски и Милошоски нека соопштат јавно кои им се вистинските намери и до кога планираат да ја мачат Северна Македонија и нејзинитe граѓани?
До кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги загрозува евроатланските интеграции за да ги спасува инкриминираните сегашни и поранешни сопартијци?
Почитувани,
Ја користам оваа прилика уште еднаш јавно да ги повикам опозициските пратеници да не го опструираат новиот закон за Јавно обвинителство.
Граѓаните и сигурната иднина на Северна Македонија не можат и понатаму да бидат заложници на неодговорни политичари на кои личните интереси им се поважни од државните.
Реформите кои се во интерес на граѓаните, правдата и државата, продолжуваат.
Ново на Сител
-

Муцунски: Европската комисија потврдува видлив напредок во повеќе области
-

Ѓорѓиевски: Град Скопје со сопствени средства ќе гради две нови средни училишта
-

Повторно раст на цените на нафтата
-

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше соодветно и го институционализираше случајот
-

Фонд на ПИОМ: Пензионерите да бидат спокојни, исплатата на пензиите е приоритет
-

„АЛТА банка“ АД Битола денеска им изврши исплата на 556 пензионери
-

За пет дена регистрирани 25 пријави за семејно насилство, приведени 14 лица
-

Израелски медицински тим прегледа 24 повредени во пожарот во Кочани, од нив 16 со повреди на рацете се оперирани

