-->
-->
Косовското Собрание не ја усвои резолуцијата со која му се забранува на Тачи да преговара за границите
-->
Собранието на Косово, поради немање кворум, денеска не успеа да ја усвои резолуцијата од парламентарната дебата во врска со ангажирањето на претседателот на државата Хашим Тачи за вклучувањето на „размената на териториите“ или „корекцијата на границите“ во преговорите меѓу Косово и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Резолуцијата предложена од двете најголеми опозициски партии во Собранието, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и Движењето Самоопределување (ВВ), беше ставена на гласање, меѓутоа во собраниската сала немаше доволен број пратеници за нејзино изгласување.
Поради истата причина пропадна и обидот за усвојување резолуција за, како што побараа ЛДК и ВВ, „неуспесите и скандалите во надворешната политика на Република Косово“
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип