Бизнис
5. September 2019 - 16:46

Косовските власти ја укинаа забраната за увоз на мед и компири од Македонија

Нема трговска војна со Косово. Владата во Приштина денеска ги информираше македонските власти дека е укината забраната за извоз на мед и компири од земјава во Косово.

Забраната е укината откако претходно косовските власти испратиле допис до АХВ дека икрата и подмладокот од риба се ставени на листата за мониторинг на исправност.

Со тоа се исполнети условите за увоз на овие производи од Косово. Приштина најави ембарго за македонскиот мед и компир откако АХВ информираше дека од Косово не ги исплонува условите за извоз на овие производи во земјава.

Од трговската криза која почна во август, министерот Бектеши уверува дека нема настаната штета за македонските извозници.

Мониторингот на икрата и подмладокот од риба кој го побара макеоднската АХВ е неопходен за потоа од земјава да може да се извезува риба на европскиот пазар.