Косовските власти ја ставија во карантин цела општина Урошевац

Министерството за здравство на Косово одлучи денеска да прогласи карантин на територијата на цела општина Урошевац, поради ширењето на епидемијата на Ковид-19 во таа област.
Одлуката, која министерството попладнево му ја достави на градоначалникот на Урошевац Агим Алиу, е донесена откако во текот на вчерашниот ден во таа општина беа потврдени 18 нови случаи на носители на вирусот.
Претходно во Урошевац имаше двајца заразени од новиот коронавирус, додека денеска се очекуваат резултатите од испитување на примероците на 65 лица кои биле во контакт со новите заболени.
Од појавата на првите случаи, на 13 март, заклучно со вчерашниот ден, во Косово се регистрирани вкупно 250 заразени. Излекувани се 52 лица кај кои претходно било утврдено присуството на вирусот, а истовремено се забележани и седуммина починати како последица на епидемијата.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
