Косовските полицајци повеќе не смеат да одат во џамии, цркви и кафеани додека се на служба
Претставници на Советот за заштита на човековите права и слободи на Косово (КМДЛЊ) се сретнаа денеска со директорот на косовската полиција Рашит Ќаљај, со цел да му изразат поддршка за одлуката да им забрани на полициските припадници да одат на верски служби и да седат во кафеани во текот на нивното работно време, јави дописникот на МИА од Приштина.
Директорот на косовската полиција во интервју за телевизијата Т7 деновиве рече дека на полициските службеници нема да им биде дозволено во текот на работното време да ги посетуваат верските објекти, што предизвика бројни реакции во косовската јавност и поделеност во поддршката и осудата на ваквата одлука на косовскиот прв полицаец.
Невладината организација која се грижи за заштита на човековите права и слободи во Косово, во соопштението по денешната средба со шефот на полицијата, вели дека му го честитале на Ќаљај неодманешното именување на одговорната позиција и изрази надеж дека плодната соработка меѓу Советот и полицијата ќе продолжи и во иднина.
- По повеќегодишниот мониторинг, КМДЛЊ ја вреднува високо работата на полицијата на Косово, која ја смета за доверлива и коректна институција. КМДЛЉ изразува поддршка за одлуката полициските службеници во текот на нивното работно време, униформирани да не ги посетуваат верските храмови, туку тоа можат да го прават во времето додека не се на служба. Исто така, забраната за престој на полициските службеници во кафеани е праведна одлука и влијае на тоа полицајците да бидат на терен и на нивните работни места, за што и се повикани, се вели во соопштението.
На средбата, според соопштението на невладината организација, станало збор и за други проблеми кои го оптоваруваат косовското општество, а за кои се очекуваат натамошни заложби од безбедносните служби.
Посебно биле нагласени проблемите со просјаците, што КМДЛЊ го смета за организиран криминал, потоа употребата на наркотични средства во училиштата и локалите низ земјата, како и уличното насилство, за што невладината побара поголемо полициско присуство ноќе низ населените места.
Ново на Сител
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари
-
Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на Институт за јавно здравје
-
Скопјани остануваат без вода: Како се подготвуваат граѓаните?