-->
-->
Косовските избори на 6 октомври ќе ги следат 13 илјади акредитирани набљудувачи
-->
Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) денеска акредитира 9.050 набљудувачи за вонредните парламентарни избори што ќе се одржат на 6 октомври.
Со ова, како што соопшти ЦИК, вкупната бројка на лица кои ќе можат да го следат гласањето на 6 октомври изнесува 13 илјади.
Барање за акредитација за мониторинг на изборите, според косовските закони, можат да поднесат политичките субјекти сертификувани од ЦИК, невладините организации, владини и меѓувладини организации, меѓународни специјализирани организации кои се занимаваат со избори и човекови права и слободи, претставници на други држави и медиумите.
На вонредните избори на 6 октомври во Косово учествуваат 25 политички субјекти, а право на глас имаат нешто помалку од два милиони лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Затворски полицајци во Штип нападнати откако затекнале затвореник со мобилен
-
Судењето на возачот кој ја усмрти Фросина Кулакова започнува во петок
-
Аудиција за Ѕвездите на Гранд на 19 мај во 12 часот во Сител Телевизија
-
На Бит Пазар пронајдено починато машко лице, без документи за идентификација
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа
-
Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро