Косовскиот премиер сменил српски министер бидејќи го придружувал Марко Ѓуриќ
Косовскиот премиер Иса Мустафа го разреши од функција министерот за администрација и локална самоуправа Љубомир Мариќ, еден ден по посетата на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при српската Влада, Марко Ѓуриќ на Косово.
Пренесувајќи ја веста, порталот Албеу додава дека Мариќ е разрешен бидејќи го придружувал Ѓуриќ за време на „нелегалната посета на Косово“.
Инаку, вчера попладне од канцеларијата на Мустафа испратија соопштение до медиумите во кое стои дека се разрешува Мариќ и на негово место е именувана Мирјана Јетвиќ, досегашен заменик министер во Министерството за труд и социјална работа.
Во соопштението се наведува дека одлуката за разрешување и именување била донесена во консултација со претставници на Листа српска во косовскиот Парламент.
Ѓуриќ вчера престојуваше во северниот дел на Косовска Митровица иако не му беше дозволено од страна на косовските власти. Косовските медиуми наведуваат дека тој наводно пристигнал со амбулантно возило.
Ново на Сител
-
Муцунски-Ибрахимовиќ: Секој успех на една од државите од регионот на европскиот пат е добра вест за сите останати
-
Приведени двајца крадци од Велес, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката
-
Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
-
Одобрено обвинението против возачот кој ја прегази Фросина Кулакова
-
Приведен кавадарчанец, управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода
-
Пет пациенти се враќаат од лекување од Србија, во странство остануваат хоспитализирани 33 пациенти
-
Определена мерка притвор и мерки на претпазливост за три лица во продолжената акција „Адитив“
-
Орбан: Пристапувањето на Украина во ЕУ може да ја уништи унгарската економија и да донесе војна