-->
-->
Косовскиот Парламент одлучи да го урне ѕидот на мостот на Ибар во Косовска Митровица
-->

Косовскиот Парламент денеска донесе одлука за уривање на бетонскиот ѕид што го крена српското малцинство во северниот град Косовска Митровица, пренесоа американските медиуми.
Претходно овој месец Србите почнаа да го креваат ѕидот на мостот на реката Ибар, што ги поврзува северниот дел од градот, главно населен со Срби, и јужниот, главно албанска дел.
Србите соопштија дека ѕидот го креваат за да се заштитат од свлечишта.
Потребата од кревање на една ваква конструкција беше жестоко нападната од косовската Влада.
Парламентот едногласно го одобри уривањето на ѕидот.
Европската Унија и САД, исто така, беа против кревање на ѕидот во време кога Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, водат дијалог за надминување на своите противоречности.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
