-->
-->
Косовскиот новинар кој „леташе орли“ пред српските навивачи избркан од ЕП
-->
Косовскиот новинар Арлинд Садику нема да може повеќе да известува од Европското првенство во Германија, откако организаторот реши да му ја поништи акредитацијата. Тоа значи дека Садику нема да може да влезе како новинар на денешниот меч меѓу Албанија и Хрватска, но и на ниту еден друг натпревар до крајот на шампионатот.
Оваа драстична казна за новинарот пристигна поради неговата провокација кон навивачите на Србија за време на дуелот против Англија. Од Фудбалскиот сојуз на Србија веднаш потоа стигна и реакција до УЕФА поради однесувањето на косовскиот новинар Садику, кој ја понижил новинарската професија, но и УЕФА.
Од УЕФА решија дека Садику веќе не треба да е на трибините на стадионите на ЕП во улога како новинар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија