Косовски експерти: Опасност од основање на балкански ИСИС

Познавачите на безбедносните прашања на Косово и претставници на институциите оценуваат дека милитантната група Исламската држава може да употреби мотиви на Балканот да основа т.н. балкански ИСИС. Експертите ја критикуваат Владата на Косово поради недостиг на национална стратегија за борба против тероризмот, додека властите ветуваат дека ќе биде подготвена за усвојување за две недели.
Екстремистичките и терористичките движења кои се темелат на верски интерпретации можат да искористат балкански мотиви, вклучувајќи го и Косово, за основање на една терористичка група, оценуваат експертите.
Бурим Рамадани, поранешен пратеник во Собранието на Косово, зборувајќи за ризикот од насилен екстремизам, радикализам и тероризам, наведе дека милитантната група Исламската држава, може да ги искористи мултиетничките мотиви со екстремистички, исламски идеологии, кои се присутни на Балканот.
- ИСИС и другите организации кои функционираат под нив, можат да ја искористат оваа состојба и така да креираат условно кажано балкански ИСИС. Балканот сам по себе е поделен, постојат меѓуетнички и политички тензии и меѓудржавните судири и понатаму се отворени. Ова е главниот ризик на Балканот – наведе Рамадани.
Тој додаде дека државите на Западен Балкан се слаби, со власти кои имаат и автократски елементи, без консолидирана демократија, економски развој и со слаб квалитет на образовниот систем.
Слично мислење има и Нуредин Ибиши, член на собраниската Комисија за внатрешни прашања, наведувајќи дека милитантната група може да ја искористи моменталната состојба на Балканот, а посебно на Косово.
- Сметам дека тие можат да се инфлитрираат и да создадат свој систем – потенцира Ибиши. Во последниот извештај на Стејт Департментот за борбата против тероризмот во светот во текот на 2014 година, Косово е оценето како држава со растечки закани од исламски екстремизам. Собранието неодамна усвои закон кој ги санкционира сите тие кои учествувале или организирале учество на странските боишта.
Истовремено, владините функционери порачуваат дека работат на Национална стратегија за спречување на насилен екстремизам и радикализам кои доведуваат до тероризам, потврди претседавачот на таа работна група Едон Муфтари.
- Целта е да се опфати целиот спектар, било да се работи за државните институции, за верските заедници, невладините организации, медиумите и многу други, кои би придонеле за нејзина имплементација тогаш кога стратегијата ќе се усвои. Сега сме во завршна фаза и за две недели таа ќе се најде пред Владата, откако ќе ја разгледа Советот за безбедност на Косово – наведе тој.
Поранешниот пратеник Рамадани смета дека оваа стратегија сепак е задоцнета и дека тоа сега доведе до голема загриженост во земјата по ова прашање.
Инаку, околу 300 луѓе од Косово беа вклучени во војната во Сирија или Ирак.
Ново на Сител
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
-

Герасимовски во посета на збратимената општина Стари Град, Белград, во фокус култура, спорт и образование
-

УЈП апелира да се користат само нејзините официјални насоки за проектот е-Фактура
-

Кај 68 годишник од Струмица пронајдени 50 грама кокаин
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради трка во планинско трчање „Водно-Матка Треилс 2026“
