Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник

Пакетот закони со кои треба да се трансформираат Безбедносните сили (ФСК) во војска на Косово поминаа во прво читање во косовското Собрание, но и покрај најавите дека ќе стапат во сила на 28 ноември, од собраниската Комисија за надзор врз работата на ФСК велат дека на тој датум нема да дојде до формирање на војската, јави дописникот на МИА од Приштина.
Без разлика што трите нацрт-закони за трансформација на ФСК во вооружени сили се изгласаа во Собранието пред повеќе од еден месец, се уште нема најава кога ќе се најдат пред пратениците за нивно второ читање, пишува денешен „Зери“.
Претседателот на надлежната собраниска комисија, пратеникот Хаџи Шаља, изјави за весникот дека 28 ноември не е датумот кога војската ќе се формира, како што тврдат официјални претставници на Србија, кои создавањето на војската го поврзуваат со албанскиот национален празник – Денот на знамето.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
