Косовската влада дозволи Србите да гласаат на изборите за Србија
Косовската влада се согласи да дозволи Србите од Косово да гласаат на српските парламентарните избори на 24 април.
Бајрам Гецај,заменик министер за локална самоуправа за тиранската телевизија Топ-чанел изјавил дека Србија не може да отвора гласачки места во Косово, но оти на Србите од Косово ќе им се овозможи да гласаат преку собирни центри на ОБСЕ,идентично како и во 2014 година.
- Речиси сите граѓани на Косово од српска националност имаат државјанство и на Србија и ние треба да им овозможиме доколку сакаат да гласаат и за државата од која имаат државјанство,да го сторат тое. Тоа нема да биде класично гласање. Ќе има повеќе центри за собирање,целосно организирани од ОБСЕ,додека за техничкиот аспект сеуште разговараме со ОБСЕ,-изјавил Гецај.
И портпаролот на мисијата на ОБСЕ во Косово,Сенад Сабовиќ, за телевизијата потврдил дека се разговара за деталите околу гласањето на Србите.
Во телефонска изјава тој рекол дека се разговара околу моделот на организирање на центрите и оти во северниот и во јужниот дел на Косово може да е отворат 10 собирни центи и неколку подцентри,каде ќе може косовските Срби да гласаат.
Ново на Сител
-
ЈСП Скопје: Можни се технички проблеми при валидирање со телефон или апликацијата „Скопска“
-
Ангелов: Би работел за СДСМ но за плата од 5000 евра
-
МЗШВ: Лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје
-
Македонија и 11 членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти
-
ССМ на 2 април на протест поради одлуката на Врховниот суд, ќе протестира и на 1 мај
-
Полицајци спроведуваат политичка кампања, училиште претворено во штаб на ДУИ
-
Приведено уште едно лице за убиството на докторот во Железара
-
Вработените во здравството најавуваат протест на 8 април