Балкан
20. February 2025 - 14:14

Косово: Специјалното обвинителство обвини две лица за шпионажа во корист на српска БИА

– Косовското Специјално обвинителство денеска соопшти дека поднело обвинение за шпионажа против две лица кои, според пишувањето на медиумите во Приштина, биле соработници на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), пренесе Бета.

Во соопштението се наведува дека двете лица Б. Ш и М. К се осомничени за шпионажа и М. К. и за неовластено поседување оружје.

Обвинителството предложи продолжување на притворот на осомничените до завршување на судската постапка.

Медиумите во Приштина објавија дека обвинението е покренато против Бедри Шабани и Мухарем Ќерими, кои се во притвор од нивното апсење минатата година.