Косово: Покрената истрага за смртта на шестмина заболени од Ковид-19
Косовската полиција информира денеска дека е започната истрага за смртта на шест лица заболени од Ковид-19, кои починаа во раните утрински часови во неделата во Инфективната клиника при Клиничкиот и универзитетски центар на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на полицијата се наведува дека сите починати се косовски државјани и дека телата се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина.
Со оглед дека сите шестмина починаа вчера во мошне краток период, во медиумите и во јавноста се појавија шпекулации дека причина за смртта е можен дефект на апартите за оксигенотерапија.
Министерот за здравство на Косово, Арменд Земај по тој повод порача да не се создава конфузија, затоа што лекарите одговорно си ја вршат својата работа.
Тој побара со случајот да се занимаваат експертите, а не истиот да се користи за политички цели.
– Претходните извештаи укажуваат дека лекарите си ја вршат работата чесно, а за техничките прашања да им оставиме да се изјаснат експертите. Секое сомневање треба да се разјасни и да не создаваме конфузија, со оглед дека порастот на бројката на заразени и лошиот биланс на починати за жал се користии за политичка борба, изјави Земај, оценувајќи дека ситуацијата не се развива поразлично одошто во минатите недели.
Минатиот викенд во Косово починаа вкупно 14 заболени од Ковид-19, со што бројот на жртви на новиот коронавирус се искачи на 74. Активни носители на вирусот, според последниот официјален извештај, се 1.532 лица.
Поради зголемениот број на заразени и починати последниве денови, косовските власти вчера донесоа нови мерки, меѓу кои враќање на забраната за движење од 21 до 5 часот во Приштина, Урошевац, Призрен и Вучитрн, како и затворање на угостителските објекти, кои ќе можат да работат само со тејкавеј.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците
-
СДСМ: Новогодишната кошничка е измама, граѓаните секој ден се посиромашни
-
Мицкоски: Нема никакви основи Артан Груби да добие политички азил
-
Мисајловски најавува нови вработувања и модернизација на армијата следната година
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Од Законот за јазици не смее да се смени ниту точка ниту запирка, ќе биде пружен „невиден отпор“
-
Тема на денот со Нуман Куртулуш, претседател на националното Собрание на Турција
-
Поскапува животот во Македонија, граѓаните велат новогодишната кошница е игра и замајување