Косово очекува процесот на визна либерализација ќе заврши до крајот на годинава
Претседателката на Комисијата за евроинтеграции во косовското Собрание, Блерта Делиу-Кодра смета дека препораката за укинување на визите за Косово е „значаен момент во остварувањето на едно долгоочекувано право“ на косовските граѓани, јави дописникот на МИА од Приштина.
Со оглед дека се исполнети критериумите и поаѓајќи од средбите со претставници на Европската унија, Делиу-Кодра е убедена дека процесот на визната либерализација за граѓаните на Косово ќе заврши до крајот на годинава.
Делиу-Кодра очекува усвојувањето на одлуката за визите да мине полесно во Европскиот парламент, додека процедурите ќе бидат нешто покомплексни во Советот на министрите.
Таа најави нова динамика на лобирање за визната либерализација, со цел да се убедат земјите членки на ЕУ дека Косовците нема да го злоупотребат укинувањето на визите.
Ново на Сител
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата
-
НАТО ги осуди кибер нападите насочени против демократските институции, безбедноста и слободното општество