-->
-->
Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг
-->
Приштина, 19 јануари 2016 (МИА) - Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг, откако остана без поддршката на САД, како и Франција, Германија, Италија и Велика Британија, што во Приштина се толкува како прва изгубена дипломатска битка годинава, пишува денеска „Коха диторе“.
Овој неуспех доаѓа само два месеца по неуспехот да се зачлени во УНЕСКО, откако не успеа да ја обезбеди поддршката од сите земји кои ја признаа независноста на Косово, пренесува Танјуг.
Барањето за членство во Меѓународниот арбитражен суд Косово го предаде на свеченост во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а го потпиша вицепремиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
МВ: ВМРО-ДПМНЕ 51,7% - СДСМ 10,9%
-
СДСМ вели дека Владата е раскарана, ВМРО-ДПМНЕ одговори дека е стабилна и функционална
-
Андоновски за првата антикорупционерка: Треба да си даде оставка
-
Обвинителството обезбедува докази од вчерашната престрелка на Бит пазар – власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања
-
Манасиевски: Од левичари и глумење скромност до деловни објекти во центарот на Скопје
-
Правда мора да има - протест за загинатите во дискотеката „Пулс“ во Кочани
-
Помалку шетање по шалтерите во основните судови – и онлајн може да си извадите документ дека сте неосудуван