Балкан
19. January 2016 - 13:47

Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг

Приштина, 19 јануари 2016 (МИА) - Косово не успеа да стане член на Меѓународниот арбитражен суд во Хаг, откако остана без поддршката на САД, како и Франција, Германија, Италија и Велика Британија, што во Приштина се толкува како прва изгубена дипломатска битка годинава, пишува денеска  „Коха диторе“.

Овој неуспех доаѓа само два месеца по неуспехот да се зачлени во УНЕСКО, откако не успеа да ја обезбеди поддршката од сите земји кои ја признаа независноста на Косово, пренесува Танјуг.

Барањето за членство во Меѓународниот арбитражен суд Косово го предаде на свеченост во Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија, а го потпиша вицепремиерот и министер за надворешни работи Хашим Тачи.