Косово ги укина царините за стоки од САД

Владата на Косово на денешната седница одлучи да ги укине царините за стоки увезени од Соединетите Американски Држави.
– Друга многу важна одлука што ја донесуваме денеска е укинувањето на царинската тарифа со Соединетите Американски Држави. Така, отсега, сите производи со потекло од Соединетите Американски Држави ќе имаат царина од нула проценти кога ќе влезат во нашата земја. Косово ги поздравува американските производи на својот пазар и цврсто веруваме дека тоа ќе влијае на зголемувањето на трговската размена и инвестициите – рече премиерот Албин Курти на почетокот на седницата.
Според него, ова е уште еден чекор што сведочи за многу добрите односи меѓу двете земји, а во исто време ја покажува „посветеноста и решителноста“ на Косово да има „договор за слободна трговија со Соединетите Американски Држави“, пренесе Бета.
– Во оваа пригода, сакаме уште еднаш да ја изразиме нашата благодарност за продолжувањето на компактната програма „Милениумски предизвик на корпорација“ за Косово од страна на администрацијата на претседателот Трамп, програма и инвестиција што се исклучително важни за нашата република, особено за енергетскиот сектор – рече Курти.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
