Косово: Еден новозаразен, 87 излекувани, 340 активни случаи на Ковид-19
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави вечерва дека во текот на денешниот ден во земјата се извршени тестирања на 220 лица кои биле во контакт со заболени од Ковид-19, при што само еден од нив резултира позитивен на новиот коронавирус, јави дописникот на МИА од Приштина.
Вкупната бројка на заразени од појавата на пандемијата во Косово, вклучително денешниот случај, достигна до 856. Новозаболениот е од јужна Митровица и е случај на контакт со веќе потврден носител на вирусот.
Денеска, според соопштението на ИШПК, е забележан и рекорден број на лица, вкупно 87, кои се излекувани од заразата. Во целата држава, согласно пропишаните методи на Светската здравствена организација, вклучително денешните случаи, официјално како излекувани се водат 490 лица.
Бројката на починати од заразата, останува и натаму 26, при што последниот случај е евидентиран во неделата во Зубин Поток во Северно Косово. Косовките здравствени власти нагласуваат дека сите жртви на заразата страдале и од други хронични болести.
Според овие официјални податоци, во Косово моментално се активни 340 активни случаи на заразени од новиот вирус.
Бројот на извршени тестирања во Лабораторијата за молекуларна микробилогија на ИШПК, вклучително денешните 220, изнесува 8.761.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: На Венко Заев му смета македонската дијаспора да гласа, Апасиев алчен за повеќе пари
-

СДСМ: Нема поддршка за измени на Изборниот законик
-

Соколарчани на протест, стравуваат за својата безбедност
-

Спасителите на планина активни на терен
-

Се возобновува „Рајската градина“ во Прилеп со над 100-тина украсни и егзотични птици
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бленди Ходаи, извршен директор на Форумот за образовни промени
-

Околу 100 пациенти во дијализа немаат терапија
