Македонија
7. October 2019 - 11:17

Косовец уапсен на граничниот премин Табановце, поради изречена мерка „забрана за влез“

Денеска во 00.54 часот на Граничниот премин „Табановце’’ од слобода бил лишен П.Н.(52) од Косово, поради тоа што за него имало изречена мерка „забрана за влез“ во Р.С.Македонија од 19.09.2019 до 26.08.2022. П.Н. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.