Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта синоќа во објава на Икс најави дека во наредните денови ќе свика вонреден Самит на ЕУ посветен на најновиот развој на настаните околу Гренланд.
– Со оглед на значењето на неодамнешните случувања и со цел понатамошна координација, решив да свикам вонреден состанок на Европскиот совет во наредните денови, наведе Кошта во објавата.
Според извори во Европскиот совет, се размислува Самитот најверојатно да се одржи в четврток со физичко присуство на шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ.
Кошта во објавата нагласува и дека неговите консултации со лидерите на земјите членки на ЕУ за најновите тензии околу Гренланд го потврдиле единството на Унијата за почитувањето на принципите на меѓународното право, територијалниот интегритет и националниот суверенитет и за поддршка и солидарност со Данска и Гренланд.
Земјите членки, според Кошта, ја потврдиле и силна посветеност на признавање на заедничкиот трансатлантски интерес за мир и безбедност на Арктикот, особено преку работа во рамките на НАТО и ја изнеле заедничка проценка дека царините би ги поткопале трансатлантските односи и се некомпатибилни со трговскиот договор меѓу ЕУ и САД.
Кошта во објавата додава и дека лидерите ја потврдиле својата подготвеност да се одбранат од каква било форма на принуда и да продолжат конструктивно да се ангажираат со САД за сите прашања од заеднички интерес.
Претходно вчера, белгискиот вицепремиер и министер за надворешни работи Максим Прево најави дека денеска веројатно ќе се одржи состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ „за да разговараат за формулирање на заедничкиот европски одговор“ на најновите случувања околу Гренланд.
МИА
Ново на Сител
-

Кичево под вода
-

Партиски игри го кочат стартот на анкетната комисија
-

Касами, Меџити, Сали и Фетаи се поблиску до формирање на партија ВРЕДИ
-

СДСМ бара повлекување на законот, ВМРО-ДПМНЕ тврди се прават реформи за поправање на грешките од минатото
-

Камионџиите чекаат решение од ЕУ: Времената мерка може да го олесни престојот
-

Нови правила за добивање субвенции: Трипуновски вели парите ќе одат само кај вистинските земјоделци
-

Владата утре под блокада - ССМ бара повисоки плати
-

Се санираат штетите од поплавите – најкритично во Кичево, Гостивар и Сарај
