Кошарка
13. May 2016 - 8:40

Кошаркарски турнир за млади категории „Битола 2016“

 
Утре и задутре во Битола во три сали ќе се одржи турнир за млади категории „Битола 2016“. Турнирот ќе се игра во три сали „Младост“, во гимназијата „Ј.Б.Тито“ и во салата „Павел Шатев“. 
На турнирот ќе настапат повеќе екипи во различни возрасни категории, во машка и во женска конкуренција, а покрај екипите од Македонија ќе има екипи и од странство.
Покрај натпреварите на младите, предвидено е за време на турнирот да се одиграат и натпревари на ветераните од неколку екипи, а секако ќе бидат интересни дуелите на гостите од Задар.
Свеченото отворање на турнирот е утре во 14 часот во салата Младост, а доделувањето на наградите е во недела од 15 часот исто во салата Младост.