Кошарка
1. March 2018 - 19:43

Кошаркарите во горната половина од европската кошарка

Добрите игри и резултати во дуелите со Словачка на Македонија и донесоа скок од едно мество во светската и европската кошарка.

„Црвено-жолтите“ во ноемврискиот прозорец ги совлада Словачка на гостински терен и Швајцарија на домашен терен, што ѝ донесе скок од една позиција на најновата ФИБА-листа. Во европската зона, Македонија се наоѓа на 21. позиција, додека на светската листа, нашите кошаркари се 39. позиција.

Во светскиот поредок очекувано апсолутен владетел е САД, а потоа следат Шпанија и Франција која забележа еден скок. Во Европа, пак, Шпанија е прва, Франција скокна на второто место, додека Србија е третопласирана.

Највисок скок забележа Косово од четири позиции, а потоа следат Исланд, како и Грција, која со скокот од две места се врати меѓу најдобрите десет селекции во светот.