-->
-->
Кошаркарите уште еднаш подобри од Израел
-->

Македонската кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа во низа во пријателските мечеви пред Евробаскетот 2015. Денеска „црвено-жолтите“ по втор пат играа против Израел и повторно победија со резултат 69-64.
Слично како и на првиот натпревар одигран во Охрид, гостите беа подобари само во воведните минути кога поведоа со 2:8. Македонската селекција, набрзо потоа го сврте резултатот во своја корист и го контролираше до самиот крај.
Првата четвртина заврши со водство на Македонија од 24-17, а предноста на полувреме беше двоцифрена 46-33.
Во последните десет минути гостите повторно заиграа поангажирано, намалувајќи го нашето водство на 65-60, но Македонија не дозволи изненадување и мечот заврши со конечни 69-64.
Предраг Самарџиски со 13 поени беше најпрецизен во македонската репрезентација, а Војдан Стојановски втор со 12 поени.
Македонската кошаркарска репрезентација следниот пријателски натпревар ќе го игра во Гевгелија против селекцијата на Венецуела.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
