Кошарка
3. September 2016 - 22:02

Кошаркарите убедливо поразени од В.Британија

Македонската кошаркарска репрезентација го доживеа првиот квалификациски пораз за ЕП. 

Велика Британија ја искористи предноста на домашниот терен и славеше со 96-79.
Во ефикасната прва четвртина водевме со 30-28 но во продолжението од мечот домаќинот обезбеди голема предност која до крајот знаеше преку Гордон и Боатенг кои постигнаа по 17 поени да ја зголеми.
Најефикасен на теренот беше Војдан Стојановски со 28 поени.