Кошарка
31. July 2016 - 10:27

Кошарка ЕП (У-18): Романија последин протоивник на македонските кошаркарки

 
 Женска репрезентација на Македонија за кошаркарки до 18 години денеска против Романија го игра последниот натпревар на во Б дивизијата на Европското првенство што се одржува во, Сараево, Босна и Херцеговина.
 
По вчерашната убедлива победа над Албаија изразена со 35 поени разлика, избраничките на селекторот Горјан Стојановски, ја вратија самодовербата и во дуелот против Романките ќе се обидат да ја остварат втората победа на првенствотот. 
 
Евентуален триумф би значел избегнување на претпоследното место на првенството односно пласман на 17-тата позиција. 
 
А, дали ќе биде таа ќе се знае попладнево по мечот кој ќе започне од 12 часот.  ит//