Корзикански лидер го предува официјален Париз дека си игра со оган
Франција си игра со оган со тоа што ги одбива барањата за поголема автономија на Корзика, изјави претседателот на Извршниот совет на Корзика, Жил Симеони.
Тој го повика францускиот претседател Емануел Макрон да почне дијалог за поголема автономија на Корзика за време на закажаната посета на островот следната недела.
- Во текот на 1980-тите и 1990-тите години, кога националистичките движења претставуваа малцинство, владите преговараа со луѓето во фантомки... денес претставуваме мнозинство и нема друг пат освен демократија, но Владата не сака да попушти во ништо. Тоа е неприфатливо, рече Симеони.
Националистите на Симеони победија на локалните избори во декември, барајќи поголема автономија, но не и независност од Франција.
Владата на Франција навести дека е подготвена за некои промени во односот со Корзика, но министрите ги одбија повеќето симболични барања - како што е она за јазикот
Ново на Сител
-
Обрале 300 кг грозје од туѓа нива, кривична против неколку лица од Кавадарци
-
Додик приреди коктел по повод победата на Трамп
-
8 приведени при инцидентот во Нови Сад
-
Манчестер сити загуби три натпревари во низа
-
Претседателката Сиљановска Давкова со честитки до Трамп
-
Без да плати со приватно возило поминувал патарина, кривична за началник
-
Кина: Го почитуваме изборот на американскиот народ
-
Гори Безистенот во Струга