-->
-->
Коронавирусот влегол и во два кинески затвори – 234 лица се заразени, надлежните сменети
-->
Во два затвора надвор од провинцијата Хубеи со коронавирус биле заразени 234 лица, а надлежните за кои се смета дека се одговорни за појавата на епидемијата меѓу затворските ѕидини се сменети.
Станува збор за два затвора во северната провинција Шандонг и Жеџијанг, на северот од Кина.
Британските медиуми пренесуваат дека е сменет шефот на провинциската правосудна служба во Шандонг, бидејќи во затворот во градот Ѓининг дури 207 лица се покажале позитивни на коронавирусот. Притоа биле сменети уште седуммина затворски претставници.
Првиот случај на зараза во затвор бил утврден на 13 февруари кај еден затворски службеник.
-Оваа ситуација покажа дека некои затворски управи биле невнимателни и не ги спровеле мерките за превенција на епидемијата на вистински начин, изјави Ји Ченге, заменик генерален секретар на провинциската влада на Шандонг, пренесоа британските медиуми.
Во затворот во Жеџијанг неделава биле заразени 27 затвореници, заради што е сменет управникот на затворот.
Бројот на нови случаи на коронавирус во Кина и денеска продложи да опаѓа, бидејќи се потврдени уште 889 нови случиа на заразени. Во последните 24 часа се пријавени вкупно 75.465 случаи на коронавирус, а бројот на починати се зголеми на 2.236, бидејќи биле регистрирани уште 118 нови жртви.
Бројот на нови случаи на коронавирус во Кина со денови е во опаѓање.
-Трендот нема да се промени, изјави земеник главниот секретар на Државниот совет и член на надзорната група Динг Синаганг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети