Коронавирусот веќе зарази 32 милиони лица низ светот

Повеќе од 32 милиони лица во светот се заразени со коронавирус, покажуваат најновите податоци на инетренет страницата „Worldometar“,
САД и натаму се најтешко погодената земја од пандемијата со Ковид 19, бидејќи во неа се заразени повеќе од седум милиони лица, а над 200.000 веќе умреа.
На второ место е Индија со речиси шест милиони заразени и повеќе од 91.000 смртни случаи.
Бразил се наоѓа на третото место според бројот на заразени, со 4,6 милиони и на 138.000 умрени.
Русија е на четвртото место во светот и на прво во Европа, со 1,1 милиони инфицирани и речиси 20.000 умрени лица.
СЗО соопшти дека 156 земји се приклучиле на таканаречениот КОВАКС (Глобален план за вакцинација), со кој се планира до крајот на следната година на глобално ниво да се испорачаат околу две милијарди дози вакцини, но дека меѓу нив не се големите држави како Кина, Русија и САД.
– И друг број земји ќе се регистрираат за глобалниот план за вакцинирање, а некои од доцнењата беа заради процедурални проблеми, а не поради сомневања во оваа шема, изјави денеска портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис.
Ново на Сител
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
-

Продолжува судењето за случајот „Државна лотарија“, закажано ново рочиште во Кривичниот суд
-

Удрил во банкина и починал на лице место - мотоциклист загина кај Крива Паланка
-

Крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АфД) победи на покраинските избори во Саксонија-Анхалт
-

Пукање во Скопје: Убиен 25-годишен маж
-

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста
