Коронавирусот премина на животни, заразени 40 отсто од дивите елени во северниот дел на САД
Научниците открија дека Ковид-19 од луѓето преминал на диви елени во некои делови на Соединетите Американски Држави. Тие откриле антитела кон САРС-КоВ-2 во 40 проценти од белорогиот елен на североисток од земјата, пишува Сајенс Алерт (Science Alert).
Само во државата Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери на коронавирус во крвта. Ова е прв доказ за распространета изложеност на Ковид-19 кај дивечот.
Иако ниту еден елен немал лоша здравствена состојба, присуството на специфични антитела во нивната крв покажува дека тие неодамна се опоравиле од вирусот.
Научниците се загрижени дека групата диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на Ковид-19, која подоцна може да се врати кај луѓето, но со посериозни последици отколку порано.
Се уште не е познато каде и како елените дошле во контакт со вирусот. Можеле да се заразат директно од луѓе или за време на контакт со добиток или други диви животни.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта