Коронавирус: Триесетина македонски камионџии заглавени на италијанско-словенската граница, македонските надлежни институци нигде ги нема
Триесетина професионални возачи на камиони од Македонија поради состојбата со коронавирусот останале заглавени на италијанско-словенската граница, видно револтирани се од македонските институции од каде што нема никаква реакција. Како што откриваат, останатите нивни колеги од другите земји по реакција на нивните матични земји дозволено им е да ја поминат границата и да си одат дома.
-Ние сме професионални возачи од Македонија за кои пишуваат дека сме пристигнати во Македонија. Ние сме 31 камион, моментално сме заглавени на италијанско-словенската граница. Сите други колеги од другите држави, Срби, Босанци, Румни, сите имаат испратено допис од министерството до Словенците и ги пуштаат камионите да си одат дома. Само македонското или „северно македонското“ министерство ги заборавиле своите 31 возач во Италија и нема кој да пушти допис за и ние да си одиме дома, вели во своето видео обраќање еден од револтираните камионџии.
Ново на Сител
-
Македонската кик бокс маи таи репрезентација отпатува на Балканското првенство во Црна Гора
-
До 22 јуни тестирање на гасоводот Скопје - Гостивар
-
ЦУК: Два пожара на отворено, пронајдено старо оружје
-
20 годишно момче загина по удар од гром
-
Министрите за надворешни работи на НАТО ќе разговараат за планот од 100 милијарди евра за воена помош за Украина
-
Продолжува седницата за избор на претседател на Уставен суд
-
ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Моника Зајкова и раководството
-
Изменет режим на сообраќај на автопатот А1, делница Петровец - Катланово