Користете сигурносен појас, за 50 проценти се намалува ризикот од фатални повреди, апелира РСБСП
За 50 проценти се намалува ризикот за фатални повреди кај возачите и патниците доколку користат сигурносен појас во возилата, покажуваат истражувањата. Затоа од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелираат до возачите и патниците задолжително при секое патување да користат појас.
– Биди паметен, размисли на време! Ниеден изговор не е доволно оправдание. Затоа задолжително, при секое патување, стави појас. Појасот нека биде твој верен и неразделен пријател на секое патување, независно од тоа дали си возач или патник. Добрите навики, живот значат, велат од РСБСП.
Според нив, изговори кои немаат смисла се „Појасот ме стега, не можам да го носам“, „Имам воздушно перниче, не ми треба појас“, „Во случај на сообраќаја незгода, доколку возилото го зафати пожар или падне во вода, подобро е да не користам појас“, „Возам бавно и во населено место не ми треба појас“ и „Во сообраќајна незгода, подобро е да излетам од возилото, отколку да останам внатре во возилото“.
– Сообраќајните незгоди се случуваат секому, секаде и тоа кога најмалку очекувате. Никој кој учествувал во сообраќајна незгода не ни помислувал дека токму него, токму тој ден, ќе му се случи сообраќајна незгода. Затоа, биди паметен, задолжително, при секое патување, стави појас, апелираат од РСБСП.
Ново на Сител
-
Министерот Муцунски утре во работна посета на Казхстан
-
Првата македонска фудбалска лига се намалува на 10 екипи
-
Уште една пријава од граѓанин за насилно одземена биста од Градските гробишта Бутел
-
Приведени битолчани со пиротехнички средства на натпреварот „Вардар 1961“ - „Пелистер“
-
Пациентите задоволни од медицинскиот кадар, но бараат подобри услови во штипската физикална терапија „Кежовица“
-
Приведено лице во Демир Хисар, возело под дејство на алкохол
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови