Координативен состанок во МВР за приоритетните реформи

Активностите кои се преземаат за реализација на итните реформски приоритети во областите во надлежност на Министерството за внатрешни работи, а кои се поврзани со процесот на европска интеграција, како и статусот на релевантните проекти финансирани преку Инструментот за претпристапна помош (ИПА) беа тема на денешниот трет по ред координативен работен состанок на вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми и вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски со министерот за внатрешни работи Митко Чавков.
- За време на состанокот соговорниците посебно се осврнаа на препораките за реформа на системот за следење на комуникации како и на активностите кои се преземаат за зајакнување на борбата против корупцијата и организираниот криминал, стои во соопштението.
Денешниот состанок е дел од циклусот, ЕУ институционални средби, чија цел е да се обезбеди дополнителна координација на реформите во процесот на европската интеграција. На овој состанок му претходеа состаноци со Министерството за информатичко општество и јавна администрација и со Министерството за правда.
Ново на Сител
-

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија
-

Путин ја обвини Украина дека ги минира мировните преговори
-

Елиминиран освојувачот на Купот Вардар - полуфинале за второлигашите Охрид и Шкендија Арачиново
-

Еден тон марихуана запленет во складиште на „Грин лајф“, една од шесте фирми на кои им е одземена лиценцата
-

Жителите на Старо Нагоричане се вознемирени поради можноста во нивната околина да постои сериски убиец
-

Пронајдена угината женка на загрозениот Балкански рис на патот Охрид – Ресен
-

Прилепчанец фалсификувал свидетелство за да може да полага возачки испит
-

Забрана за електронски цигари во затворен простор, одложена примената на законот за пушење на тераси
