Свет
9. December 2015 - 8:46

Конзулатот на САД во Истанбул нема да работи поради безбедносни закани

Конзулатот на САД во Истанбул денеска нема да извршува конзуларни услуги поради информацијата за можна закана за безбедноста на мисијата. 

- Ги предупредуваме американските граѓани да бидат мошне внимателни, да ги следат локалните случувања и да ги преземат неопходните мерки за да ја заштитат сопствената безбедност, се наведува во соопштението, објавено на сајтот на Конзулатот. 

Во соопштението не се прецизира за каква закана станува збор.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби изјави во Вашингтон дека се преземени рутински консултантски услуги, но оти ќе бидат извршувани ограничени итни услуги.

Другите дипломатски мисии на САД во Турција, Во Анкара, Измир и Адана ќе работат нормално, се додава во соопштението.