Македонија
16. March 2020 - 16:57

Контрола само на патниците кои доаѓаат од високо и средно ризични земји

Сите патници  кои на скопскиот аеродром ќе дојдат  од земјите со висок ризик се проверуваат на термална камера и потпишуваат изјава.

Оние кои ќе допатуваат од земји  со висок и среден ризик се проведуваат на термалната камера, а оние кои транзитираат и  се дојдени од  земји со низок ризик се пропуштата без проверка.

Сите кои ќе допатуваат од државите каде има многу  заболени од коронавирусот прво потпишуваат  изјава во која освен основните податоци за нив мора да наведат и  од каде доаѓаат – дали од земја со висок или среден ризик.  Потоа епидемиолози ги проверуваат на термална камера, нивната телесна температура.

Низ аеродромот поставени  се и  гелови за дезинфекција на раце  каде патниците може да се дезинфицираат  и летоци со   препораки. Во авионите пак патниците добиваат маски и ракавици.

Скопскиот аеродром не е  целосно во прекин иако многу од дестинациите се одложени, а до некои како Италија воопшто не се патува. Сепак летовите за Германија се реализираат.

Охридскиот  аеродром пак е целосно затворен.