Контрола на УЈП за фискализацијата, неправилности кај 30 отсто од субјектите, четири затворени

Четири правни субјекти се затворени од кои три во Охрид и еден во Струга поради неиздавање на фискални сметки. Контролата на Управата за јавни приходи, спроведена од 28 јули до 3 август во повеќе градови меѓу кои и туристичките места, покажала дека кај 30 отсто од контролираните објекти утврдени се нерегуларности согласно Законот за регистрирање на готовински промет.
Со контролата биле опфатени ресторани, кафе барови, шанкови на плажа, слаткарници, маркети, продавници за облека и накит, хотел, автопревозници, паркинзи и други трговски објекти за продажба на мало.
-Од 214 контролирани субјекти, кај 30,8 проценти, односно кај 66 од контролираните се утврдени неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени се 66 прекршочни санкции – глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. За четири, односно три субјекти од Охрид и еден од Струга, поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување), информира УЈП.
Најголем број контроли се извршени во Струга, Охрид и Битола (126) при што се утврдени 29 неправилности од кои 11 во Струга и 18 во Охрид.
Во главниот град извршени се вкупно 14 контроли при што се утврдени четири неправилности. Во Прилеп извршени се седум контроли, a утврдени се три неправилности.
Во Тетово, Гостивар имало 32 контроли и утврдени се 14 неправилности од кој 13 во Тетово и една во Гостивар.
Во Штип, Неготино, Демир Капија, Кавадарци Велес и Куманово извршени се 35 контроли, а утврдени се 16 неправилности и тоа по една неправилност во Неготино и Кавадарци, две во Демир Капија, три во Штип, четири во Велес и пет неправилности во Куманово.
-Апелираме до сите даночни обврзници да постапуваат совесно и согласно законските прописи, со цел да придонесат кон зајакнување на даночната усогласеност и унапредување на даночната дисциплина во државата. Управата за јавни приходи врз основа на извршените контроли согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања, ќе врши вкрстени проверки со цел да ја провери веродостојноста на искажаните приходи кај даночните обврзници. Издавањето фискални сметки и користењето мобилни фискални апарати не претставуваат само законска обврска – туку и клучен чекор кон правично, транспарентно и одговорно деловно опкружување, велат од УЈП.
МИА
Ново на Сител
-

Босанец издава балкон со поглед на стадионот во Зеница за Босна – Италија, му нуделе „Лада Нива“, тон компири...
-

Кривична против велешанец, со измама зел 4.000 евра од неготинец
-

Сељами: Институционални пропусти кај семејното насилство – неопходна е итна реакција и без формална пријава
-

Војната со Иран ја зголеми стапката на инфлација во еврозоната во март на 2,5 отсто
-

ОЈО ГОКК ќе истражува како 39 полицајци постапувале во случаите на пријавено семејно насилство против Стојанче Јовановски
-

Почина поранешниот директор и тренер на Вардар, Едуард Кокшаров
-

Сељами: Неможноста за полагање правосуден и нотарски испит на мајчин јазик е дискриминација
-

Сиљановска Давкова - Милатовиќ: Заедничка визија за стабилен и просперитетен регион интегриран во ЕУ, фокус е потребен на регионалната соработка
