Македонија
26. January 2021 - 21:19

Контродикторни информации за достапноста на Ивермектинот во македонските аптеки

Од над 400 веледрогерии во земјава, моментално само две имаат дозвола да го увезат Ивермектинот. Лекот кој покажа висока ефикасност во третманот против коронавирусот до вчера можеше да се најде на полиците во аптеките на само една од нив. Дозвола за нов увоз од денеска има уште една фармацевстка компанија.

Од Агенцијата за лекови МАЛМЕД велат дека од самиот старт во Македонија се увезуваат недоволни количини на овој лек, но не по вина на компаниите. Според директорот Шабани, проблемот е во големата глобална побарувачка за лекот.

“Кај нас се појавија неколку фармацевтски компании и болници кои сакаат да го увезуваат, не некои им се одобри, тие што беа спремни со целокупна уредна документација. Проблематиката е повеќе на едно друго ниво. Во количините. Има недостаток на количини на ниво на цел свет и на Европа. Компаниите тешко ги обезбедуваат”

Доволни ли се две веледрогерии за да ги покријат потребите на ниво на цела држава? Шабани вели дека досега неколку фармацевтски компании се одбиени за увоз на лекот, но не секогаш по нивна вина. 

“Не ги знам деталите, но има потврдени одбиени таму. Или не доставиле сертификати, сепак иако се работи за интервентен увоз, сето тоа има своја посебна пропишана процедура. Има најави за други, знаете ќе најават дека нашле некаде количини, ќе спремат документација со процедурата и во меѓувреме ќе ги откажат тие количини. Не заради самите нив, туку интересот е поголем на ниво на Европа”

Дали во аптеките има доволни количини на Ивермектин, зависи исклучиво од веледрогериите кои добиле дозвола за негов увоз во земјава, велат од Министерството за здравство. За количините на лекот кој помага во лекувањето на коронавирусот одлучуваат исклучително фармацевтските компании, децидни се од Здравство.

Лекот Ивермектин денеска го побаравме во повеќе аптеки низ Скопје, но со него беа снабдени само две фармацевтски компании.