Контингент од 72 мексикански пожарникари се приклучи во гасењето на пожарите во Лос Анџелес
– Контингент од 72 мексикански пожарникари денеска им се придружија на американските колеги во борбата со шумските пожари кои беснеат во Лос Анџелес и Јужна Калифорнија.
Групата е составена од воени експерти, вклучувајќи лекари, инженери и персонал за пребарување и спасување, како и пожарникари од мексиканскиот еквивалент на Шумската служба на САД.
Во големите шумски пожари кои беснеат во областа на Лос Анџелес веќе една недела досега загинаа најмалку 24 луѓе и изгореа област со големина на главниот град на САД, Вашингтон.
Повеќе од 90,000 жители беа принудени да ги напуштат своите домови, а цели населби беа опустошени од пожарите.
Мексиканскиот тим ќе им се придружи на пожарникарите од седум држави и Канада во обид да ги стават пожарите под контрола.
– Тие сега се распоредени во пожарните области каде што ќе бидат вклучени во гаснењето на пожарот, во суштина работат како екипа за поддршка, рече Едвин Зунига, портпарол на Калифорниската противпожарна служба, Кал Фајр.
Затоа ќе работат на одржување и зајакнување на заштитната линија, а доколку има потреба и директно ќе се вклучат во гаснењето на пожарот, додаде тој.
Ново на Сител
-
Астон Мартин ниту демантира ниту потврдува за интересот на тимот за Верстапен
-
Сингер: Беше потребно време да се убеди Синер да ја прифати суспензијата од ВАДА
-
Белингем казнет со два натпревари поради вербален напад на судија
-
Уставниот суд поведе постапка за оценување на стажот на членовите на Советот на јавни обвинители
-
Три странски влади имале планови да предизвикаат физичка штета на државјани на Австралија, вели шефот на австралиското разузнавање
-
Баро: Русија одлучи ЕУ да и биде непријател
-
Кривична за вработена во Одделението за управни работи Куманово - непрописно продолжила регистрација на возило
-
Борис Џонсон: Европа да не се „скандализира“ од Трамп, туку да му помогне да ја запре војната во Украина