Конте денеска се соочи со Главната обвинителка заради задоцнетите мерки за изолација во Ломбардија
Италијанскиот премиер Џузепе Конте денескa се соочи со обвинителите кои отворија истрага за задоцнетото воведување мерки за изолација во два помали града во Ломбардија, која потоа станаа најтешко погодениот италијански регион од епидемијата на коронавирусот.
Според лекарите и вирусолозите, двонеделното задоцнување со воведувањето на карантинските мерки во градчињата Алкан и Нембру, овозможи вирусот да се прошири и во Бергамо, градот во кој потоа, во март, таканаречениот „вишок на смртност“ се зголеми за 571 процент во однос на петгодишниот просек, наведува лондонски „Гардијан”.
Главната обвинителка Марија Кристина Рота, заедно со тим соработници, утринава дојде во кабинетот на премиерот во Рим, а покрај Конте, се очекува да ги испраша и министрите за здравство и за внатрешни работи.
Во текот на претходните денови, на нејзините прашања одговараше шефот на Врховниот институт за здравство.
Засега никој не е под истрага и не е јасно која е кривичната одговорност, што, доколку ја има, може да им се стави на товар на јавните функционери за одлуките што ги неселе или не ги донеле во екот на пандемијата.
На прашањето дали сега смета дека изолацијата требаше да се воведе порано, Конте во интервју за римски „Прес“ рече дека е мирен во врска со одлуките што ги донел и дека постапувал согласно својата совест и согласно позицијата на науката.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
