-->
-->
Конте демантира можен трансфер на Матиќ во Јувентус
-->
Доскорешниот тренер на италијанскиот шампион Јувентус, Антонио Конте го предупреди неговиот поранешен клуб да не се обидува да ангажира Немања Матиќ како евентуална замена за Пол Погба, кој може наскоро да премине во Манчестер Јунајтед.
„Матиќ е важен играч за мојата екипа, тој не е на продажба. Го сметам за важен играч и тој тоа го знае. Тешко е да се избере, конкуренцијата е огромна, го имаме Цеск, Нголо Канте, Оскар, Чалобах и Оби Микел. Во деновиве кои се пред нас, сакам да покажеме на натпреварот против Ливерпул, она што го сработивме досега. Минатата сезона беше ужасна, и клучно ќе биде да создадеме тимски дух во екипата, и да победуваме заедно, или ако губиме, да губиме сите заедно како тим“, изјави Конте, за англиските медиуми.
Изјавата на Конте уследи по пишувањата на италијанските медиуми дека неговиот наследник во Јувентус, Масимилијано Алегри, побарал од раководството на клубот да го ангажира Србинот како можна замена за Погба доколку французинот го оствари транферот во Манчестер Јунајтед.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници