-->
-->
Koнте дефинитивно во Челзи
-->
Фудбалскиот клуб Челзи објави дека екипата од наредната сезона, од менаџерската позиција, ќе ја предводи италијанскиот стратег Антонио Конте (46).
Актуелниот селектор на Италија, функцијата ќе започне да ја обавува веднаш по завршувањето на Европското првенство. Конте, како што соопшти клубот, потпишал тригодишен договор „тежок“ 16 милиони фунти.
Конте е петтиот Италијанец на клупата на Челзи, по Џанлука Вијали, Клаудио Раниери, Карло Анчелоти и Роберто ди Матео, кој на „сините“ им ја донесе титулата во ЛШ во 2012 година.
„Возбуден сум што ќе работам во Челзи, мислам дека тоа е добра и атрактивна функција. Се радувам на предизвиците кои ги нуси Премиерлигата. Челзи и англискиот фудбал се гледаат насекаде низ светот, мојата амбиција е да продолжам со успесите. Добро е што ја официјализиравме соработката, така што повеќе нема да има никави шпекулации, а јас ќе можам да се фокусирам на работата во репрезентацијата“, рекол Конте, кој на клупата ќе го наследи Гус Хидинк.
Тренерската кариера Конте ја започнал во Арецо, потоа бил тренер на Бари, Аталанта и Сиена, а во периодот од 2011 до 2014 година освои три титули во Серија А со Јувентус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изборот на Насер Зибери за народен правобранител пред пратениците
-
Угостителите во петок на средба со Битиќи - Бараат продолжување на работното време
-
Тромбоза една од најчестите компликации од Ковид-19
-
Струмица со голем потенцијал за развој на историски туризам
-
Охрид доби рибарски алманах во дигитална форма
-
Во Србија и Грција од вчера и Словенија е потврден првиот случај на британскиот вид на коронавирус
-
Заев: Придавката „македонски“ ниту порано, ниту сега не е проблем - Идентитетските прашања не се разговараат
-
Ќе има ли ново работно време за угостителските објекти, што препорачуваат здравствените авторитети