-->
-->
Koнте дефинитивно во Челзи
-->
Фудбалскиот клуб Челзи објави дека екипата од наредната сезона, од менаџерската позиција, ќе ја предводи италијанскиот стратег Антонио Конте (46).
Актуелниот селектор на Италија, функцијата ќе започне да ја обавува веднаш по завршувањето на Европското првенство. Конте, како што соопшти клубот, потпишал тригодишен договор „тежок“ 16 милиони фунти.
Конте е петтиот Италијанец на клупата на Челзи, по Џанлука Вијали, Клаудио Раниери, Карло Анчелоти и Роберто ди Матео, кој на „сините“ им ја донесе титулата во ЛШ во 2012 година.
„Возбуден сум што ќе работам во Челзи, мислам дека тоа е добра и атрактивна функција. Се радувам на предизвиците кои ги нуси Премиерлигата. Челзи и англискиот фудбал се гледаат насекаде низ светот, мојата амбиција е да продолжам со успесите. Добро е што ја официјализиравме соработката, така што повеќе нема да има никави шпекулации, а јас ќе можам да се фокусирам на работата во репрезентацијата“, рекол Конте, кој на клупата ќе го наследи Гус Хидинк.
Тренерската кариера Конте ја започнал во Арецо, потоа бил тренер на Бари, Аталанта и Сиена, а во периодот од 2011 до 2014 година освои три титули во Серија А со Јувентус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто
-
Излезноста во Струга до 9 часот 2,4 отсто, во Вевчани 5,5 проценти
-
Во Неготино до девет часот гласале 5.83 проценти од гласачите