Конте бара поддршка: Не ни се потребни суперхерои

Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека очекува до среда да ги заврши разговорите околу новата италијанска влада.
Претседателот на Италија, Серџо Матарела минатата недела му даде мандат на Конте да се обиде да формира нова коалиција, бидејќи претходната која ја сочинуваа Движењето 5 ѕвезди и екстремно десничарската Лига се распадна. Лидерот на Лига, Матео Салвини се повлече надевајќи се дека ќе предизвика распишување предвремени избори, оти ќе победи на нив и самостојно ќе формира влада, сметајќи на популарноста која моментно ја има во јавноста поради својата антимигрантска политика.
Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија во текот на изминатиот викенд водеа интензивни преговори околу министерските места, а Конте истакна дека „политичкото расположение“ меѓу нив е добро.
– Тоа ќе биде вторник или в среда најдоцна, изјави Конте, одговарајќи на прашањето кога повторно ќе отиде кај Матарела со програма и имињата на министрите.
Конте изрази уверување во позитивен исход од преговорите.
Доколку не биде постигнат договор во текот на оваа недела, се очекува Матарела да го распушти Парламентот и да одреди датум за избори.
Ново на Сител
-

Пронајдена бела прашкаста материја во Чегране, двајца со БМВ се обиделе да ги прегазат полицајците
-

Лажат дека се болни за да добијат антибиотици: Речиси секој трет Американец признал дека го измамил лекарот
-

Село во Шпанија со само 40 жители понудило бесплатна куќа и сигурна работа – пристигнале 8.000 пријави, повикот е затворен
-

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода
-

Одредени групите за завршниот Мастерс во Торино
-

Реал Мадрид ја декласираше Црвена Звезда во кошаркарската Евролига
-

Седлоски: Се надевам дека ќе излеземе од негативната серија
-

Кристал Палас го отпушти менаџерот
