Македонија
7. November 2025 - 12:20
Конституиран советот на Град Скопје
Утрово се конституираше и Советот на Град Скопје.
На првата седница за претседател на Советот е избран Даме Димитриевски.
Пред новите советници прв се обрати градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој вети ефикасен јавен превоз, набавка на нови автобуси, висока хигиена во градот и транспарентност.
Најмногу советници во Советот на Град Скопје има ВМРО-ДПМНЕ – 18, по 6 советници имаат Левица, ВРЕДИ и коалицијата предводена од ДУИ.
По едно советничко место имаат ЗНАМ, Искуство за успех и независните.
-->
-->
