Конкурсот за млади поети и млади уметници продолжен до 26 октомври
Конкурсот за млади поети и млади уметници е продолжен до 26 овој месец наместо како што беше првично до 9 октомври.
Продолжувањето, како што денеска информира Агенцијата за млади и спорт, е поради промена на седиштето на Агенцијата.
Делата треба да се достават на новата адреса на Агенцијата за млади и спорт на улица Македонија бр.38, 1000 Скопје, со назнака за конкурсот „Млади поети“, односно за конкурсот „Млади уметници“, или лично во архивата на Агенцијата.
Едниот конкурс е наменет за млади визуелни уметници од 15 до 19 години и групи кои имаат авторски дела што ги исполнуваат утврдените критериуми за изложбата „Young art 2015“, која ќе биде поставена во Националната галерија на Македонија. Кандидатите за Конкурсот за млади поети, пак, треба да се на возраст од 15 до 29 години, да немаат објавено збирки поезија и да достават најмногу две поетски творби.
За дополнителни информации заинтересираните може да се обратат на електронската адреса: gordana@ams.gov.mk, или во просториите на Агенција за млади и спорт – Сектор млади, секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ потпишаа Договор за безбедносно и одбранбено партнерство
-
Три пријави во полиција за измами за пари
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико