Конкурс за стипендии за школување во гимназијата „Нова“

Од денеска до 9 март ќе трае конкурсот за стипендии за школување во Меѓународната гимназија „Нова“, која стипендиите ги доделува во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“.
Пријавувањето е на интернет-страницата на „Нова“ каде е поставена електронска апликација која заинтересираните треба да ја пополнат.
- Стипендиите се доделуваат по дванаесетти пат и се наменети за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од петто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик, соопшти „Нова“.
Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување, а најдобрите 25 ќе имаат шанса да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ќе добијат најмногу 10 ученици.
Сите пријавени кандидати ќе полагаат тестови по англиски и математика и да напишат есеј на зададена тема. Најдобрите осум кандидати ќе бидат повикани на интервју пред стручна комисија. Од нив ќе бидат избрани тројцата кандидати со целосна стипендија. За да им се помогне на сите заинтересирани ученици во процесот на аплицирање, на 2 март ќе бидат организирани и работилници по математика и англиски јазик.
- Покрај целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава, информира „Нова“.
Програмата за стипендирање почна во 2005 година и досега ја завршија девет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на врвни факултети во Европа и во САД.
Ново на Сител
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Каква козметика и играчки има во продавниците?
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
