Конкурс на МОН за доделување вкупно 2890 стипендии за студенти
Министерството за образование и наука за академската 2017/2018 година ќе додели вкупно 2890 стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи.

Според Конкурсот, кој МОН го објави денеска, ќе бидат доделени 1500 стипендии за студенти од социјални категории, како и 630 стипендии (590 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 40 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи), за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето. За студенти запишани на техничките факултети и медицинските науки кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато најмалку 9.00 просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година.
За студентите запишани на студиските програми по информатика ќе бидат доделени 125 стипендии, од кои 105 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните универзитети и високообразовни установи и 20 стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на приватните универзитети и високообразовни установи.
Петстотини и триесет стипендии се обезбедени за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки и кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година најмалку 7.00 просечен успех, додека 105 стипендии ќе бидат доделени на студенти, запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година најмалку 7.00 просечен успех, а се запишани на студиски програми по хемија, физика и математика.
Висината на стипендијата за прва група - стипендии за студенти од социјални категории изнесува 3.300 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето и кои постигнале просечен успех од првата до тековно запишаната студиска година на техничките факултети и медицинските науки од најмалку 8.50, а за студентите на факултетите од општествените науки и на факултетите од уметностите да имаат постигнато од најмалку 9.00 просечен успех изнесува 4.400 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за втора група - стипендии за студенти кои постигнале особено висок успех во учењето од најмалку 9.00 на студиските програми по информатика изнесува 6.050 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година. Висината на стипендијата за трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми од научните подрачја на природно-математичките, техничко-технолошките, биотехничките и/или медицинските науки изнесува 3.300 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Висината на стипендијата за трета група - стипендии за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика изнесува 18.000 денари месечно, за девет месеци во текот на студиската година.
Студентот кој конкурирал за два или повеќе групи на стипендии и ги исполнил условите за добивање, му се доделува стипендијата според приоритетот кој го направил во евидентниот лист.
Студентите кои се пријавуваат на конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот http://konkursi.mon.gov.mk почнувајќи од денеска (10 ноември) заклучно со 20 ноември 2017.
Ново на Сител
-

Народниот правобранител оформи предмет за водата во Гостивар
-

Филипче бара истрага за нападот во Ново Село
-

Државната матура со просечна оцена 3,66 – скоро идентична како ланската
-

Многу течности и хидрирање на телото на пеколните горештини
-

Нема доволно вода за пиење на пунктовните во Гостивар
-

Онколошките пациенти бараат редовна терапија и трајно решение на проблемот со набавка на лекови
-

Енергетските проблеми во Европа растат, Мицкоски уверува дека кај нас струјата нема да поскапи
-

Почнува реализација на третата секција од железничкиот коридор 8
